BitTorrent е протокол за „peer-to-peer“ споделување на податоци. На времето постоеја трагично „убиениот“ Napster, па Soulseek, ed2k протоколите… секој со своја приказна. Но тогаш збирањето на податоците беше централизирано. Музиката, филмовите и софтверот одеше онлајн на сервер до кој корисниците преку клиентите пристапуваа и споделуваа/симнуваа датотеки. Во периодот од 1998-2000г. познатиот метал бенд Metallica реши да „му се одмазди“ на Napster за штетата што ја направи во периодот на неговото постоење. Преку многу правни механизми адвокатите и финансиските поттрчковци на Metallica, индустријата успеа да го затвори своевремено најмасовниот сервис за споделување музика. Тоа претставуваше удар врз пиратеријата и тоа голем, несомнено. Но како што велат на мрежата, ако покосиш еден пират, од него се создаваат два зомби пирати кои ќе продолжат да се множат до бескрај. Денес е дискутабилно дали тие кои го поддржуваа процесот на Metallica vs. Napster се уште стојат зад истите ставови имајќи го во предвид неодамнешниот „испад“ на член на бендот (Metallica) кој сакајќи да го преслуша нивниот нов албум фино и просто си го симнал од Интернет и тоа ни повеќе ни помалку, од BitTorrent.
Тоа би рекло дека ако сакате да уништите нешто кое денес е толку раширено и има толку многу поддржувачи практично ви треба и повеќе од валкана револуција. Многумина велат дека мнозинството го одредува развојот на настаните (нешто со што лично не се согласувам), па еве за момент ќе замислиме дека тоа е така, бројките постојано ни кажуваат дека над 70% од корисниците на Интернет редовно (барем еднаш неделно) симнуваат музика „нелегално“, дека 20% од нив тоа го прават пасивно (преземајќи индиректно), а околу 5% и се бават со тоа професионално (препродавајќи музика). Според многу критериуми овие проценти кај нас веројатно се повисоки. Неодамна се појавија слики на луѓе по плоштадите низ Македонија кои продаваа дискови со филмови и софтвер и кои покрај тоа што не личеа на пирати, јасно ни кажуваа дека во Македонија не е срамота да се работи било што за преживување, а уште повеќе ја анулираат потребата да се покажуваат со прст и ставаат во групата на криминалци, затоа што сакаат да извадат парче леб. Назад на темата, еден од најпознатите сајтови моментално, дури и ако ги занемариме последните актуелности поврзани со тужбите кои легнаа врз него, е заливот на пиратите или The Piratebay.
Како што споменав, на BitTorrent сајтовите не се хостираат содржини туку само описни датотеки наречени torrent датотеки (.torrent) кои потоа се отвораат со BitTorrent клиенти на оперативниот систем на корисникот од каде и се симнува бараната содржина. Практично во Шведска и не постојат закони за контрола на пиратеријата. RIAA (Recording Industry Association of America) и MPAA (Motion Picture Association of America) сторија и прават сѐ за да стигнат до Gottfrid Svartholm (anakata) и Fredrik Neij (TiAMO), тие кои „владеат“ со Piratebay моментално. Уште од самиот почеток на Piratbay, во 2003г. се вршеа притисоци насекаде, се ангажираа судии кои практично беа членови на тимови за контрола на авторски права и слични други бизарни настани на кои „сопствениците“ на Piratebay одговараа восхитувачки ладно. Зад PirateBay стојат неколку клучни фактор-организации и здруженија како што се Piratbyrån (Биро за пиратерија) од каде и произлезе Piratebay како и самата пиратска партија во Шведска. Нешто подоцна PirateBay добива порака од Dreamworks, во врска со Shrek 2. Gottfrid одговара:
„Не знам дали знаете, но Шведска не е во Соединетите американски држави. Шведска е држава во северна Европа. Ако досега не ви текна, законот што важи во САД не може да се примени овде (…) Ние и нашите адвокати сметаме дека сте… морони“.
Ова дополнително му покажа на светската индустрија дека дечките зад PirateBay се сериозни во нивната намера и дека нивната тврдокорност ќе мора да се реши на начин во кој ќе биде демонстрирана силата на RIAA и MPAA. PirateBay остануваат ладнокрвни и секогаш спремни за авантура, во 2005г. Во месец јуни прават прво-априлска шега, дека сајтот е затворен поради прекршување на авторски права, велат „…прво-априлските шеги се секогаш посмешни во јуни“. Еден од аспектите на PirateBay што го оправдува неговото постоење е начинот на кој тој функционира. PirateBay може да се едначи со било кој друг пребарувач како Google или Yahoo. И на овие сајтови може да се најдат торент датотеки речисти исто прецизно како и на PirateBay.
На 31ви мај 2006г. во Стокхолм, полицијата влегува во просториите на PirateBay, а сервисот е недостапен речиси цели 3 дена. По повторното отворање се случува зомбификацијата која ја споменав погоре, бројот на посетители на сервисот се зголемува двојно и популарноста и PageRank-от на сајтот е поголем од било кога. Влегувањето на полицијата кое е прогласено за политички инспирирано и под притисок на MPAA, колку и да звучи иронично е прогласено за една од победите на MPAA во борбата против PirateBay. Дечките од „заливот“ пак, овој обид за нивно исклучување од мрежата го прогласија за тотален неуспех.
Сепак индустријата не се откажува и веќе во 2008ма се покрева тужба против тројцата одржувачи на PirateBay и бизнисменот Carl Lundström кој го поддржува/ше сервисот преку нудење на услуги од неговиот бизнис и директно инвестирање во PirateBay. За сите четворица беше покренато обвинение за прекршување на авторски права. Вкупно 34 случаи на прекршување беа излистани во обвинението за PirateBay. На самиот почетокот на процесот во февруари 2009г. половина од нив паднаа како неосновани, сепак недоволно за она што подоцна произлезе како краен резултат на процесот, пресудата за сите од PirateBay во која сите, првостепено се прогласени за виновни и осудени на затворска казна, плус парична казна од вкупно €2.7 милиони. Моментално пресудата е во процес на жалба. Тоа што лица емотивно врзани со мрежата како мене, е восхитувачки е фактот што PirateBay опстана сите овие години, па дури и сега, нивните ресурси на Интернет, блогови, лични сајтови, твитер сметки итн. се полни со фрази од типот „ја сакаме миризбата на победата“. Не се откажуваат.
А покрај тоа што момците не се плашат, има некоја тајна врска која никој од нас не ја знае која ги одржува сите овие години. Додека индустријата ни кажува како пиратеријата ја убива музиката и софтверот, баш тие, дигиталните пирати се оние кои овозможија нашироко користење на редица софтверски производи како што е Windows оперативниот систем, а и придонесоа за масовни посети на светските концерти на групи кои сите ние сме ги слушале од пиратските извори кои ги претпочитаме. Впрочем, на музичката индустрија не му треба нашата поддршка. Им треба на бендовите кои постојано се под притисокот на нивните издавачки куќи и кои единствено ќе ги наградиме ако ги посетиме нивните концерти и свирки по локалните или светски познатите сали и дворани.
Дотогаш, останува да гледаме како ќе се развиваат работите.
Забелешка: текстот во целина е првично објавен во мајскиот број на магазинот за компјутерска технологија „Клик“ од 2009 година.






Проблемот овде не лежи во централизирањето на ресурсите и инфраструктурата само во главниот град. Тоа ти е, земјата е мала, не е којзнае што од земја па за да можеме да се спореудваме со Словенија или пак Австрија (скраја да е!). Тоа е тоа, градови како Битола, Охрид или Струмица би можеле проблемот на тие кои завршуваат технички факултети во нивните градови да го решат со 2-3 фирми со вработени до 100 души. Тоа би оформило квалитетно јадро на професионалци кои нема да го напуштат својот град, нема да прават дополнителен терет на „метрополата“ која и онака не може да си ги искрепи своите жители. Искрено, другите професии многу не ме интересираат. Ниту ги потценувам, ниту ги фаворизирам. Си ја сакам својата професија (информатичар) и не отстапувам од мојата одлука. Арно ама ме чудат работи кои, работејќи во корпоративна средина, во огромна (за наши рамки) фирма, секојдневно ги согледувам и сфаќам.


Концептите за развој на софтвер постојат уште од самото промовирање на информатичката технологија. Првите компјутери се директно поврзани со креирањето на софтвер за негово работење. Кога мислам првите компјутери, не целам на оние кои биле измислени пред и за време на втората светска војна, туку сметачки машини кои многу порано се користеле и биле механички. Работењето на софтверот врз база на хардвер денес е незамисливо без процесот на креирање на тој софтвер. Едно нормално општество кое цели да биде информатичко мора јасно да стави акцент врз развојот на софтвер и поддршката на програмерите кои ги завршуваат своите студии по овие струки, за што полесно и побрзо инволвирање и интегрирање со општествените норми и начини на помагање на социјалните процеси со користење на информатички цели. Пред извесно време се појавија вести дека Европа практично има дефицит на програмери. Тоа ни остава голем простор и релаксираност во однос на прашањата околу правилниот избор на професијата. Но секако не смее да се изостави и фактот што оваа професија и тоа како брзо се развива и дека не смееме да поминеме ни ден без притоа да видиме што има ново во областите кои не интересираат. Тоа денеска со многуте RSS читачи е лесно, нели? Но исто така проаѓаат и редица факти и незабележани работи од понеискусните програмери кои според мене треба да бидат јасно донесени на површината за поквалитетно оформување на програмерот како професионалец и кои во продолжение ќе се обидам да ги појаснам. Најважната работа која секој програмер треба да ја знае е дека нема да стане програмер само ако чита и ги разбира работите. Секако, вие сте интелигентен и млад амбицизен човек кој сака да создава апликации, но тоа не ве прави програмер. Програмерот, е комплексна личност која постојано го надоградува не само начинот на професионално размислување и донесување одлуки, туку и целокупното дизајнирање на одлуките во приваниот живот. Еднаш штом се навлезе барем „до колена“ во програмерските води, веднаш започнувате да размислувате на различен начин и коренито да наоѓате решенија за проблемите со кои се соочувате. Програмерот мора да програмира. Понатаму, програмерот мора да учи од подобри програмери. Тоа што јас лично го имав научено во периодот пред професионално да се бавам со програмирање, испадна дека нема никаква врска со програмирањето во целина. Практично многу често може да се дојде до ситуација кога ќе се соочите со реален проблем и ќе помислите дека сте ја промашиле струката. Не се откажувајте. Никој не станал професионалец преку ноќ. За сѐ треба надоградба и посветеност. За потоа да дојде веројатно најгадниот сегмент од развојот на програмерот – одлуката дали тој сака да се посвети целосно на професијата и целосно да биде асоцијализиран или да најде баланс помеѓу приватните уживања и обврски и професионалните ангажмани. Би ве советувал да го изберете второто. Секако за да бидете успешен во креирањето на вашата професија, развојот и реализацијата на ваши оригинални идеи би одиграла најзначајна улога во обезбедувањето на квалитетен живот на материјално и професионално ниво.
Многу битно е денес програмерот да одлучи што впрочем сака да програмира. Тоа за почетниците е вистински пекол. Иако многумина советуваат да започнете темелно да учите да програмирате од јазици на пониско ниво како што е C, не е редок случај кога програмерите започнале да ја градат својата професионалност од јазици од рангот на Python, Ruby или пак Java, C# итн. Сите овие имаат една заедничка особина која е минимален критериум за нивно изучување доколку сакате лесно да ги сфатите – објектно ориентираниот модел на програмирање (против функционалното програмирање). Секако, би било паметно да почнете да развивате софтвер на компјутер, за потоа да можете лесно да се префрлите на некој мобилен уред како што би бил мобилен телефон или друг embeded уред. Денес мобилните технологии претставуваат најголем предизвик и ветуваат добра иднина за секој кој ќе започне да ги работи и програмира. Тоа не значи дека уште веднаш треба да се фатите со програмирање на мобилни апликации. Разликата од развојот на мобилни апликации и развој за PC не е голема. Ги дели само намената и хардверските ограничувања кои би ги имале при користење на хардверските платформи. Во последно време се направија многу измени во светот на платформите и софтверот за развој на мобилни апликации. Впрочем нема појдовна точка од каде би започнале со потенцирање на тие разлики. Само ќе нафрлиме неколку работи. Во моментот доминираат неколку платформи за развој на софтвер за мобилни телефони. Најпрво ќе го споменеме iPhone кој беше прв во развојот на хардверска платформа со дополнителен SDK (Software Development Kit) за развој на апликации за нивните телефони. Во игра од поодамна беше Nokia кои пред извесно време ја купија надежната Норвешка компанија Trolltech и од нивниот слободен C++ фрејмворк направија вистинско продиџи. И секако Google со нивниот Android. Што е интересно за последните две платформи. Google Android е цел оперативен систем за мобилни уреди кој работи врз основа на Linux јадрото, додека фрејмворкот на Nokia, кој се вика Qt (кјут) е целосно слободен софтвер зад кој стои гигант како Nokia. Од друга страна пак ги имаме познатите веб фрејмворци како што се Ruby On Rails, Django, разновидни Java веб имплементации како и популарните JavaScript енџини како што се jQuery, Prototype итн. Сето ова дава слика дека десктоп програмирањето во еден момент се спојува со веб програмирањето во делот на мобилните апликации. Доколку имате развиено веб сервис (пр. Twitter) кој нема своја десктоп апликација (со која корисниците би си ги апдејтирале своите статуси), тогаш нема никаква поента од користње на оптимизираниот веб сајт од мобилен во случај кога 99% од нас имаат лаптопи. Во тој случај останува да направиме нешто паметно за нас и околината. Да дојдеме до прекрасна идеја, да научиме да програмираме и да ја реализираме таа идеја. Потоа, азното само ќе си дојде.
Абе, генерално приказната оди во правец кој е веќе виден. Неочекуван крај, неочекуван исход, дечкото скренал па си ја споебал фамилијата која претходно била споебана од жена му. Нека. Кога го видов Леонардо на бродот на првата сцена, прво шо помислив е дека бродот и овојпат ќе се зачука во некоја санта па ќе трча како Џек во Титаник спасувајќи ја таа рибата шо ти Кејт Винслент. Ама не било така. Филмот изобилува со прекрасна фотографија и глума која е на нивото на тим избран од рацете на
Би било предолго ако фатам да раскажувам целосно што впрочем се случува во остатокот од филмот. Битен дел е кога Теди оди во секторот кој дотогаш не го посетиле со неговиот партнер. Разговорот кој го водат со личноста која ја пронаоѓа Теди е многу важен и обратете особено внимание на него. Потоа, Теди решава да ја разреши мистеријата што се крие на овој остров. Нешто смрди и тоа не е риба! Со неговиот партнер оди на карпата – „таму горе“. А таму горе Чак сфаќа дека некој го турнал и убил неговиот партнер Чак долу на карпата. Теди почнува да се спушта фино-лепо по карпата како Спајдер-мен, кога на 30цм. од него слетува како нарачано ливче хартија кое верувајте не сконтав кој момент беше во филмот ниту за што служеше. Но наоѓа пештера. Каде впрочем пронаоѓа жена која се вика Рејчел. И тоа не било каква, туку Рејчел-Вистинска, која е доктор психијатар, поранешна вработена во психијатријата. Таа му потенцира дека не е луда, туку дека се крие од институцијата на островот која сака да ја претвори во дух. Разговорот кој го имаат во тој момент е многу интересен и нетривијален дел од филмот. Се сведува на тоа дека штом еднаш излезеш со прогресивна идеја и за тебе излезе името дека си луд, потоа секоја добра идеја е дериват на твоето лудило и никој нема да ја прифати. За тоа дека штом некој одлучи од тебе да направи дух ќе стори се во негова моќ да испадне во право. Па и ќе те направи луд. Ќе ти дава невронаркотици во водата, во цигарите и во храната. Ќе делуваат за 48 часа со парализирање на рацете, па цело тело. Потоа низ окото ќе ти пуштат сонда од која ќе влечат нервни завршетоци од мозокот, по што стануваш многу попокорен пациент и ќе ги слушаш наредбите на „твојот господар“. Истовремено докторката му објаснува на Теди за количеството на болка што влегува во нашето тело – СЕКОЈДНЕВНО. „Што ако некој може да ја контролира таа болка? Ќе те контролира и тебе“, вели таа. Рејчел тврди дека никогаш не била омажена, ниту имала деца. Му кажува на Теди дека е дел од целото тоа сценарио и му потенцира да бега. Овој си заминува. И се случува тука рчка- а-у нешто.. па при крајот Теди дознава дека впрочем никогаш и немал партнер. Главниот доктор му кажува дека тој на островот дошол сам. Па на прашањето „Па каде ти е парнерот?“, Теди мудро одговара „Кој партнер?“. Така функционираат работите.
Но не се откажува, ита накај светилникот, озлогласеното место каде што се верува дека се прават операции на мозокот, се отвора черепот и се чепка директно во мозокот. Таму го наоѓа главниот доктор кој го отвора расплетот на целиот филм. Имено, без објаснување на процесот на крајот на филмот кој мора да се гледа за да се доживее, ќе го дадам сижѐто на приказната. Теди Даниелс, поранешен генерален маршал и воен ветеран од втората светска војна, испаѓа тежок психијатриски случај кој имал фамилија од 3 деца и една жена. Жената се викала Долорес – едно од децата, ќерката Рејчел. Долорес имала еден обид за самоубиство по кој почнала да случа гласови и бубачки како лазат во нејзината глава. Додека Теди бил на работа таа ги удавила сите 3 деца и ги оставила во водата да пловат. Моментот кога тоа Теди го сфаќа е најбизарниот, најшокантниот и полн со делириум момент во историјата на филмовите кои ги имам гледано. Не е дека на сцената се појавуваат мртви деца и болна жена со налудничав поглед која му вели дека „сега децата се прекрасни и ќе ни бидат наши кукли со кои ќе си играме“. Се работи за детали. Како Теди ја фаќа ќерката за ногата, па му дава вештачко дишење. Па тежината и бодликавоста на чувството дека додека тој разговара со неговата жена зад нив стојат нивните 3 мртви деца. Се дознава – Теди Даниелс го создал ликот на Ледис и Рејчел. Никој од нив никогаш не постоел. Неговата психа за да се заштити од убиството кое го прави за да ја ослободи неговата жена созадава лажни ликови како пироман, пациент убиец на деца итн. Дури го создава и локот на Чак – кој впрочем не е неговиот парнер, туку е неговиот животен психијатар кој потфрла да го спаси и излечи од неговото психичко растројство. Теди во тој момент колабира – ја дознава целата вистина и ја признава. Докторите мислат дека е излечен, во спротивно ќе следи лоботомија, отворање на мозокот –






